PATIO е стилски греен уред на плин кој обезбедува топлина и светлина таму каде што сакаме да создадеме единствена и пријатна атмосфера.
Неговата уникатна карактеристика е оганот кој е видлив од сите четири стани. Благодарејќи на тоа, тој е единствен таков од својот вид на плински лампи за двор или тераса.
Технички Карактеристики
Тежина (kg) 63,0
Материјал стакло и нерѓосувачки челик – прохром (inox)
Ширина (cm) 46,70
Висина (cm) 155,40
Длабочина (cm) 46,70
Управување автоматско / управување со далечинско
Потрошувачка на гас при номинална моќност (max) 0,45 kg/h (24 h постојано палење)
Потрошувачка на гас при намалена моќност (min) 0,28 kg/h (39 h постојано палење)
МОДЕРЕН ДИЗАЈН
Модерниот изглед на PATIO одговара безмалку на секое место. Грејното тело може да претставува елегантен украс на домашната тераса или градина. Подеднакво успешно може да биде користен и на комерцијални места, ресторани, кафулиња, хотели и места за одмор. Атрактивниот изглед и пријатната топлина која се излачува од PATIO прави дворовите и терасите во домовите и рестораните да бидат секогаш исполнети со посетители, како во студените зимски денови така и летните и есенските вечери.
Природната визија на оганот е создадена со користење на најсовремените керамички горилници.
ЛЕСНА УПОТРЕБА
PATIO не испушта никакви звуци ниту мирис. Неговото функционирање има влијание на позитивна циркулацијата на воздухот , што е посебно важно на места на кои престојуваат лица чуствителни на алергии.
Со леснотија може да се премести на посакуваното место благодарејќи на монтираните тркала. При поставување на саканото место, тркалата може лесно да се заблокираат и на нивно место да се монтираат ногарки.
Уредот може да работо непрекинато и до 30 часа!
PATIO не бара чистење, бидејќи оганот направен од него, не чади.
Неговото пуштање во употреба е крајно едноставно, со интуитивно притискање на копчето од далечинскиот управувач.
СИГУРНОСТ НА НАЈВИСОК СТЕПЕН
PATIO се напојува со течен плин сместен во плинската боца која е пoставена во куќиштето. Пламените се затворени во стаклена комора која оневозможува директен допир со оганот. Тоа дозволува да им се веселиме на пламените кои се под целосна контрола.
Користеното стакло е огноотпорнмо керамичко стакло кое се употребува во стандардните камини на дрва, кое издржува топлина до 800°C.
Долниот дел на PATIO е направен од нерѓосувачки челик кој е покриен со прашкасто нанесена фарба. Благодарејќи на тоа PATIO е заштитен од оштетувања.
Доната комора на уредот е заштитена од неовластено отварање со специјаленмеханизам а самите вратички се со систем push-to-open.
Горниот дел на уредот гарантира дека пламенот ќе биде заштитен од ветар а топлината од внатре подеднакво се шири на сите страни.
PATIO поседува систем за заштита од паѓање. Доколку уредот се најде надвор од хоризонтална позиција уредот автоматски го блокира доводот на плин до горилникот. На уредот не му треба електрична инсталација за да работи, благодарејќи на тоа имаме сигурност дека дури и да снема електрична енергија, PATIO ќе го осветлува сиот наш простор.
Грејното тело е во целост безбедно за користење, има вграден систем од последната генерација за контрола на плинот со помош на далечински управувач со што го контролираме согорувањето.
Благодарејќи на вградениот контролер, можеме да го блокираме уредот од неавторизиран пристап од страна на деца или да го програмираме за вклучување во одреден час и ден.
Додатно, PATIO е опремен со сензор за термопара, кој во случај на снемување на пламенот, го прекинува доводот на плин до горилникот.