Задачата на овој уред е да создаде услови за правилно работење на каминот

односно котелот за топловодно греење, слично како и MSK , со таа разлика што обвој уред контролира еден уред и нема можност за контрола на довод на воздух:

  • Контрола на пумпата (вклучување и исклучување)
  • Во случај на потреба да го извести корисникот на каминот за моменталната состојба (преку визулени или звучни сигнали) или да го предупреди доколку има некоја опасност (превисока температура)
MSP контролер
MSP

 Со овој уред ќе се постигне следното:

  1. Заштеда на електрична енергија и до 50% доколку пумпата  е контролирана со електронскиот термостат
  2. Безбедност
  3. Многу поголема искористеност на енергијата од дрвата бидејќи согорувањето ќе се извршува на повисока температура

Составните елементи на MSP уредот се:

  • Дисплеј со командни тастери
  • Сензори за топлина

Следи објаснување за функционирањето на уредот:
Кога каминот ќе ја достигне пoсакуваната температура, ја вклучува пумпата, одведувајќи ја топлата вода во системот за централно греење и при тоа се носи нова вода која е претходно оладена во радијаторите. Овој начин на функционирање е нужен бидејќи во спротивно водата поминувајќи низ каминот нема да успее да се загрее. Доколку се сака да се постигне каминот да игра улога на проточно грејно тело, тогаш треба да се обезбеди околу 2х помоќно грејно тело што не само ќе чини поскапо при купување туку и потрошувачката на гориво во текот на експлоатацијата ќе биде многу поголема.
Дококлу водата во каминот почне да достигнува тмпература над дозволената (вообичаено околу 85-90ºС) уредот со помош на дисплејот и звучен сигнал алармира дека треба да се престане со ложење.

Уредот лесно се монтира и по желба може да се сменат фабричките подесувања за посакуваната температура на водата и алармот.

Овој уред е од многу големо значење за успешно функционирање на целиот систем.
Доколку го нема, потрошувачката на гориво (дрво) може да нарасне и до 2х од реално потребнатa.

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [763.80 KB]