Ложиште со многу интересен изглед и странично стакло.
Се одликува со плитка комора за согорување со што многу убаво ќе се вклопи во дневните салони со помали димензии и со мали потреби за греење. Поради страничното стакло одлично се вклопува во модерната стилистика.
Технички карактеристики
Номинална моќност (kW) min / max | 8(min 3, max 10) |
Оџачки излез (mm) | 160 |
Коефициент на полезност (%) | 83 |
Емисија на CO (при 13% O2) ≤ | 0,09% |
Емисија на честички mg/mn3 | 9 |
Температура на чад (oC) | 180 |
Тежина (kg) | / |
Површина на греење (m2)** | 40-60 |
Max должина на трупци (mm) | 350 |
Материјал | Котларски челик + ACCUMOTE |
Вид на гориво | Сезонско листопадно дрво, Брикети |
Провев | 700/ 500 см2 |
Предности на ова ложиште:
- Предниот дел на ложиштето како неговото тело се изработени од котларски лим наменет за работа на високи температури.
- Челичните елементи се ласерски сечени а потоа виткани на CNC машини што доведува до многу голема прецизност на изработката.
- Секој вар е направен со благороден гас што доведува до голем квалитет на варот.
- На вратата е монтирано керамичко стакло отпорно на температури до 600oC.
- На ложиштето се замонтирани мали ногарки кои овозможуваат негова висинска регулација до 40mm
- Вграден елемент за примарен воздух
- Комората за согорување е обложена со Thermotte. Овој материјал има карактеристика на акумулација на топлина а воедно и изолација.
- Бидејќи претставува акумулационен материјал а со тоа е подобар од вермикулитот, зрачи топлина и после неколку часа од гасењето на ложиштето.
Поради изолацијата, комората за согорувње има повисока температура со што се зголемува процентот на согорени честички при што исто така, се постигнува помало загадување на атмосферата. - Гаранција – 5 години и 2 години на Thermotte