INOX – прохромски оџаци. Врвен квалитет, долг век на употреба, лесни за одржување. Со специјална керамичка изолација.
- Материјал за изолација: керамичка волна !!! Многу подобар изолационен материјал отколку камената волна!
- Пречници кои ги нудиме се: ø130/180, ø150/200, ø200/250,ø250/300mm. Наведените пречници се внатрешните, функционални пречници / надворешен пречник.
- Нудиме и поголеми пречници како ø300, ø350 или ф400mm кои се реализираат по нарачка
Ориентациона пресметка. Цените може да се сменат без претходна најава. Во цените не е вклучена монтажата.
Наведените цени се со вклучено 18% ДДВ.
Ф130/180 | Ф150/200 | Ф200/250 | Ф250/300 | |
---|---|---|---|---|
Прохромска капа конусна/Techno | 23/40 | 25/45 | 55/68 | 49/- |
Завршен дел на оџак | 24 | 27 | 36 | 50 |
1m’ изолиран оџак | 56 | 63 | 79 | 120 |
1/2m’ (50cm) | 35 | 39 | 49 | 75 |
1/4m’ (25cm) | 25 | 26 | 37 | 49 |
Т-приклучок | 71 | 80 | 100 | 202 |
Изолирано колено 45 | 37 | 47 | 64 | 107 |
Изолирано колено 90 | 55 | 80 | 128 | 214 |
Почетен дел | 24 | 30 | 36 | 55 |
Капаче за ревизија и конденз | 18 | 20 | 25 | 37 |
Држачи | 25 | 25 | 29 | 35 |
Kрагња за опшивkа | / | / | 48 | / |
Розетна за фасада | 14 | 15 | 17 | 28 |
Ф130/180 | Ф150/200 | Ф200/250 | Ф250/300 |
Цените се изразени во ЕУР, 1ЕУР = 61,85 МКД
Основни знаења и информации за оџаците
Мора да знаеш
- Што е оџак:
Оџак е димоводен канал со чија помош се отстрануваат согорените честички од грејното тело во атмосферата. - Какво гориво смеам да користам?
Прохромски оџаци се наменети за листопадно дрво кое не смее да надминува влажност од 20%, пелети (8%).
Забрането е согорување на дрво или дрвени пелети од иглолисни дрва! Тие предизвикуваат многу штетни материи како и температури повисоки од 600oC со што може да дојде до запалување на саѓата!
- Дали е оџакот изолиран:
Оџакот мора да биде изолиран бидејќи тој треба да овозможи догорување на честичките во неговата внатрешност, тој не смее да се лади бидејќи доаѓа до натрупување на саѓа (која може да се запали) и може да дојде до појава на големи количини на конденз. - Дали смем да го монтирам оџакот на дрвена конструкција?
Според правилата за изведба на оџаци, секој оџак треба да биде оддалечен од најблиското запаливо тело минимум 6см во добро проветрено место или 15см во непроветрено место.
Какви оџаци има и који се нивните предности и недостатоци? | Ѕидани оџаци (тула*, КБ блок) | Шамотни оџаци Schiedel | Прохромски оџаци |
---|---|---|---|
Дали е потребен е темел/плоча како фундамент | да | да | НЕ!✅ |
Тежина / m’ | ❗> 100 kg/m’ | ❗>180kG/m’ | cca 15kg/m’✅ |
Min. број на работници потребни за изведба | 3 | 4 | 1✅ |
Просечна должина на изведба во метри за еден работен ден | 4 | 6 | 10✅ |
Потребен е посебен транспорт | да | да | Не✅ |
Просечна должина на изведба во метри за еден раbотен ден | ❗Многу мала | Одлична✅ | Одлична |
Кисело отпорност | ❗нема | Да✅ | Да✅ |
Можност за демонтажа | не | не | Да |
Сертификат CE | ❗никогаш | Да✅ | Да✅ |
Работна температура | <250 oC | 600 oC | 600 oC |
Зошто оџаците од тули не се препорачуваат: Прво да кажеме дека оџаци од тули според европски нормативи се забранети! Тулата како материјал не е отпорна на киселините кои се создаваат во оџакот како последица на хемиска реакција помеѓу саѓата и влага во зодухот. Малтерот со кој се ѕидани, уште помалку е отпорен на тие корозивни својства а исто така е и порозен поради што со тек на време доаѓа до појавана микро пукантини кохи потоа се шират. Поради таа појава, оџаците почнуваат да влечат сѐ помалку, да се јавува голем кондензат и нанесуваат гоелми штети. Поради тоа, оџаците ѕидани од тули можеби се поевтини, на почеток, но бројните проблеми који може да ги предизивкаат и штетите се многу поголеми од разликата во цена помему нив и шамотните или прохромските оџаци. Опасноста од пожар исто така е голема. Според наши сознанија, во Македонија годишно се опожаруваат околу 130 куќи од оџаци изведени од тули.
1
Поправи го твојот стар оџак
Прохромските оџаци може да се вградат во ѕиданите оџаци и на тој начин да се реновира стариот оџак. Мора сепак да се напомене дека оваа ситуација е возможна само доколку ѕиданиот оџак од тула има доволно широк отвор во кој нема пречки да помине иноксниот оџак.
2
ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Глатката внатрешна површина овозможува делувањето на кондензатот да се сведе на занемарливо ниво. Друга карактеристика е тоа дека идеално рамната површина како и нејзината кружна форма овзоможува многу подобро влечење со што имаат голема предност над другите видови оџаци изведени од тули.
3
Лесна и брза монтажа
Монтажата на овие оџаци е брза
Монтажата е чиста, нема малтерисувања, изведба на темели, вода…
4
Пониски трошоци
Транспортот е поевтин бидејќи оџаците се лесни. Идните трошоци доколку се појави потреба оџакот да биде на друга позиција, тој едноставно се демонтира и се поставува на новата локација со што ќе заптедите многу средства!